Новости
Ве известуваме дека на 17.01.2014 во периодот од 08-15 часот, поради реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците во тие региони.без снабдување со електрична енергија ќе останат населените места:
- Дел од с.Усје,
-дел од ул. Првомајска(од крстосница со бул. Србија кон Охис)
И во новата 2014 година, општина Кисела Вода продолжува со практиката за делење решенија за легализација на бесправно изградени објекти на неделна основа. Градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ денеска на 47 граѓани им врачи решенија за легализација на дивоградбите, со што вкупниот број на легализирани објекти се искачи на нешто повеќе од 2.340.
Беличанец - Алексиќ посочи на воведувањето на повеќе технички мерки во општината кои треба да го забрзаат темпото на решавање на предметите, а кои веќе даваат видливи резултати. Кадровски и технички е доекипирано Одделението за легализација на дивоградби, зголемен е бројот на комисии кои излегуваат на терен, а и воведена е и практика за делење на решенија на неделно ниво.
Повеќе: Нови дивоградби во Кисела Вода ќе добијат имотни листови
Во вторник (14.01.2014), во 10:00 часот, во големата сала на Општина Кисела Вода, градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ ќе додели решенија за легализација на бесправно изградени објекти.
Ги покануваме редакциите на пишаните и електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследат настанот.
Утрово, 10-те дечиња со посебни потреби од ПОУ “Кузман Јосифовски – Питу” заминаа на бесплатно зимување во Берово, финансирано од Општина Кисела Вода. Градоначалникот Беличанец – Алексиќ и претседателот на Советот, Трајче Донев ги испратија дечињата и им посакаа убав помин, добра дружба и исполнето време во игра и забава. Истовремено, таа им подари и топки, пакетчиња со друштвени игри и кутија со основни лекови.
Повеќе: Децата со посебни потреби од ПОУ “Кузман Јосифовски – Питу” заминаа на бесплатно зимување