Новости
Во организација на Советот на Општина Кисела Вода и Здружението на граѓани за деца со посебни потреби ,,ДАМА – ЕЛ" од Скопје, а со поддршка на компаниите “Цементарница Титан – Усје” и “Скопски пазар” А.Д. Скопје, денес во големата сала на општината Кисела Вода се одржа новогодишна забава за децата со посебни потреби од основните училишта и градинките од Кисела Вода.
Повеќе: 100 пакетчиња за деца со посебни потреби од Кисела Вода
Безидејноста, ароганцијата и паушалноста уште еднаш се потврди дека се основните карактеристики на СДСМ. Обвинувањата и квалификациите на ОО на СДСМ – Кисела Вода дека “Општина Кисела Вода донела неразвоен и расипнички буџет” сами по себе се најдобра констатација за елементарното економско непознавање на процедурите и развојните планови и програми за работата на општината Кисела Вода.
Буџетот за 2014 година, кој беше донесен на денешната 11-та пленарна седница е одраз на домаќинско и транспарентно планирање на народните пари, за реализација на зацртаните програми за работа на градоначалникот на Кисела Вода, во дослух со граѓаните. Приходите во буџетот за 2014 година се очекува да бидат највисоки досега, а со средствата ќе се реализираат капиталните проекти за подобрување на комуналната и сообраќајната инфраструктура, подобрување на условите за одвивање на воспитно-образовниот процес во училиштата и градинките, подобрување на општите услови за живот на жителите на општината.
На 11-та пленарна седница, Советот на Општина Кисела Вода го донесе буџетот за 2014 година. Консолидираниот буџет на Општина Кисела Вода за 2014 година изнесуваат 961.080.000 денари. Приходите на буџетот на општината за 2014 година се планирани согласно направената анализа на историските податоци и досегашниот тренд на наплата на разните групи на приходи како и предвидувањата за очекуваните приходи од надоместокот за уредување на градежно земјиште, даноците на имот, донациите, блок дотациите за основните училишта и детските градинки и другите трансфери од буџетот на Република Македонија, како и буџетот на заеми за 2014 година. Најголемо учество во структурата на вкупните приходи во висина од 40 % имаат даночните приходи, неданочните приходи учествуваат со 8,5 %, капиталните приходи учествуваат со 21 %, додека со 30 % учествуваат приходите од трансфери и донации.
Повеќе: Општина Кисела Вода го донесе буџетот за 2014 година
Денес (25.12.), по завршувањето на 11-та пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода официјално беше отворена за работа новата канцеларија, која ќе служи како работен простор за општинските советниците и простор за одржување средби со граѓаните.
Канцеларијата, свечено ја отворија претседателот на Советот на општината, Трајче Донев и координаторот на советничката група на СДСМ, Мери Проја Продановска.
Канцеларијата се наоѓа во барака бр. 4 во општината Кисела Вода.
Во четврток, (26.12.2013) во големата сала на Општина Кисела Вода, со почеток во 10:30 часот, Советот на Општина Кисела Вода заедно со Здружението на граѓани за деца со посебни потреби ,,ДАМА – ЕЛ" од Скопје ќе додели 100 новогодишни пакетчиња на деца со посебни потреби од општината.
Ги покануваме редакциите на пишаните и електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследат настанот.