Новости
Општина Кисела Вода на сите граѓани од католичка вероисповест им го честита големиот христијански празник Раѓање Христово-Божиќ. Општина Кисела Вода на католичките верници им посакува празничните денови да ги минат во духот на христијанските пораки за мир и разбирање меѓу луѓето. Ваквите празнични мигови носат светлост во секој дом, но и нѐ потсетуваат дека божиќната радост треба да биде споделена со блиските, соседите и пријателите.
Со презентација на краток филм од обуката на воспитно-образовниот кадар и изложување на уметничките предмети, кои воспитувачите заедно со децата ги изработија во текот на работилниците, денеска се заокружи третата и последна фаза од имплементацијата на проектот за развој и унапредување на свеста за значењето на културата и уметноста со цел развивање на креативниот потенцијал на најмладите и доусовршување на воспитно-образовниот кадар во областа на ликовната и драмската уметност. На завршната манифестација која се одржа во градинката “Сончоглед”, присуствуваа и градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ и претседателот на Советот, Трајче Донев.
По шести пат денес (24.12.), градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ додели ваучери за еднократна парична помош во висина од шест илјади денари на 35 семејства со принова од општината.
-“Во пресрет на Новогодишните празници продолжуваме со практиката на доделување на ваучери за еднократна парична помош за новороденчиња. Со денешново јавно доделување, вкупниот број на ваучери кои општината ги додели од почетокот на примената на оваа мерка, односно од 20.06.2013 година, изнесува 252. Тоа значи дека општината ни е побогата за 252 сосетчиња”. – информираше градоначалникот Беличанец – Алексиќ и изрази надеж дека средствата добро ќе им дојдат на семејствата во овие празнични денови.
Повеќе: 35 семејства со новороденчиња предновогодишно добија парична помош
Ве известуваме дека единаесетата пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода ќе се одржи на 25.12.2013 год.(среда) со почеток во 11:00 часот, со следниот дневен ред:
1.Предлог-Одлука за утврдување на Предлог детален урбанистички план за реон Ј , четврт Ј08 Општина Кисела Вода Скопје, плански период 2013-2018;
2.Предлог-Одлука за потврдување на идентичност на картирани подлоги за донесен ДУП дел од Исток – А, населба Драчево – 4 Општина Кисела Вода;
Повеќе: Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи 11-та пленарна седница
Во вторник, (24.12.2013) во малата сала на Општина Кисела Вода, со почеток во 10:00 часот, градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ ќе додели ваучери за еднократна парична помош за новороденче на 35 семејства од општината.
Ги покануваме редакциите на пишаните и електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследат настанот.