Насловна
Секретарот на Општина Кисела Вода Александар Алексовски и други претставници од Општината, денес присуствуваа на спортски настан во ООУ “Партенија Зографски”, организиран од страна на Агенцијата за млади и спорт, во соработка со локалната самоуправа. Истиот претходи на отпочнувањето на Европската недела на спортот насловена “Be Active”.
Општина Кисела Вода ги поканува своите жители да бидат дел од годинешните “Пушкинови денови”. Попладнево, во 18 часот, во паркот “Пушкин”, отворен точно пред 10 години, градоначалникот Филип Темелковски и Амбасадорот на Руската Федерациjа во Северна Македониjа Сергеј Баздникин ќе отворат детско игралиште и ќе се обратат, по што ќе следи културно-уметничка програма посветена на одбележувањето на 220 години од раѓањето на големиот руски поет Александар Сергеевич Пушкин.
Повеќе: Вечерва "Пушкинови денови" во паркот "Пушкин" во Кисела Вода
Голема е честа што вчера ја имаше Општина Кисела Вода да биде дел од завршната приредба на дечињата од најголемите групи во објектите на градинката ”Весели Цветови”.
Повеќе: 265 дечиња од ЈДГ ”Весели Цветови”- Кисела Вода се збогуваа со градинката
Општина Кисела Вода на сите верници со исламска вероисповед им го честита големиот муслимански празник Рамазан Бајрам.
Повеќе: Општина Кисела Вода на верниците со исламска вероисповед им го честита Рамазан Бајрам
Незапирливите кошаркарки на „Бадел“ на финалниот натпревар во младинска конкуренција М18 на гостински терен убедливо со резултат 68:40 ја победија екипата на „Струга 2009“.
Повеќе: Јуниорките на ЖКК „Бадел 1862“ од Кисела Вода во Струга ја освоија шампионската титула