Насловна
Претставници на општинската администрација, советници, претставници на сите месни и урбани заедници од општината, вработени и директори на основните училишта и градинките од овој дел на градот, жители на општина Кисела Вода, денес се дел од акцијата за дарување крв, организирана од општина Кисела Вода и Општинската организација на Црвениот крст - Кисела Вода, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина.
Во рамки на младинската Б женска фудбалска лига утре на игралиштето на ФК ССК Младинец, во Драчево, со почеток во 11:00 часот ќе се одигра фудбалски натпревар помеѓу ЖФК „Џи – Џи“ од Кисела Вода и ЖФК „Порече“ од Македонски Брод.
Денеска традиционално деветта година по ред во Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ се одржа манифестацијата „Јас сум талент 2019“.
Денеска секретарот на Општина Кисела Вода, Александар Алексовски подели 76 ваучери за новороденчиња, од кои 32 за женски и 44 за машки деца.
Повеќе: Општина Кисела Вода додели нови 76 ваучери за новороденчиња
Помладите петлиња (генерација 2005) на ФК „Кул Здравје“ од Кисела Вода го освоија Купот на Македонија. Тие на тренинг - центарот „Петар Милошевски“ во финалната пресметка против екипата на „Вардар“ со победа од 2-1 го освоија пехарот.
Повеќе: Петлињата на ФК Кул Здравје од Кисела Вода го освоија Купот на Македонија