Насловна
Нека веста за Христовото воскресение допре до сите чија вера во крстот и Божјата волја е непоколебива и света! Општина Кисела Вода Ви посакува и овие празнични денови, во кои ја славиме победата на животот над смртта да ви минат во мир, спокој и хармонија.
Христос воскресна! Честит Велигден!
Во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден, дечињата од градинките во општина Кисела Вода, изработија вапсани и украсени јајца и велигденски декорации.
Повеќе: Дечињата од градинките од Кисела Вода бојадисуваа Велигденски јајца
На првиот ден од почетокот на Велигденските празници, нови 50 семејства од општина Кисела Вода се стекнаа со документ за трајна сопственост на својот дивоизграден објект.
Повеќе: Празнично, легализирани нови 50 дивоградби во општина Кисела Вода
Денес, во просториите на општина Кисела Вода, се одржа конститутивната седница на локалниот младински совет од оваа општина. Советот се состои од 5 члена предложени од невладини организации и здруженија на граѓани.
Повеќе: Одржана конститутивна седница на локалниот младискиот совет на општина Кисела Вода
Утре, четврток, 09.04.2015, во големата сала на општина Кисела Вода, со почеток во 10:30 часот ќе бидат доделени решенија за легализација на бесправно изградени објекти.