Насловна
Со положување свежо цвеќе на спомен плакетата на унгарскиот поет и револуционер Шандор Петефи, општина Кисела Вода денес го одбележа Националниот ден на Унгарците, 15 март. Петнаесетти март е денот кога во 1848 година е започната Буржоаската револуција и национално-ослободителната борба на унгарскиот народ во која се удрени темелите на модерна Унгарија.
Повеќе: Општина Кисела Вода го одбележа Националниот ден на Унгарците
Општина Кисела Вода во соработка со Агенцијата за катастар на недвижности ги известува жителите од ова подрачје дека во петок, 20.03.2015, во Големата сала на општината ќе се одржат “Отворени денови со Катастарот“.
Денес, петок 13.03.2015, во големата сала на општина Кисела Вода, со почеток во 10:00 часот ќе бидат доделени решенија за легализација на бесправно изградени објекти.
По информација добиена од страна на Регионалниот центар за управување со кризи, ве известуваме дека поради интервенции на екипи на ЕВН Македонија АД, денес без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од улицата "Киро Фетак" во нас. Драчево, делот кон пругата. Прекинот ќе биде во периодот од 12 до 15 часот.
На 26-тата седница на Советот на општина Кисела Вода која се одржа денеска, беа усвоени следните точки:
Повеќе: Советот на општина Кисела Вода ја одржa 26-та пленарна седница