Насловна
На едно кола пред крајот М.З. Пинтија им бега само со еден бод на второпласираните М.З. Пржино и М.З. Бирарија, меѓутоа екипата на М.З. Бирарија има и едно неодиграно коло. За четвртото место кое води во плејофот со ист број на бодови во мртва трка се борат екипите на М.З. Кисела Вода и М.З. Село Драчево.
Ве известуваме дека Дваесет и шестата пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода ќе се одржи на 12.03.2015 година (четврток) со почеток во 11,00 часот со следниот дневен ред:
Повеќе: Советот на општина Кисела Вода ќе ја одржи 26-та пленарна седница
Градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ, шефот на канцеларијата за меѓуармиска соработка при Амбасадата на САД, Мајор Џефри Ван Сикл и директорот на основното училиште “Кузман Шапкарев”, Весна Настоска, денес ја пресекоа лентата и го означија завршетокот на реновирањето на основното училиште “Кузман Шапкарев” во населба Драчево.
Денес, среда, 11 март, 2015, во 11:00 часот, во ОУ Кузман Шапкарев во населбата Драчево, градоначалникот на општина Кисела Вода, г-ѓа Билјана Беличанец-Алексиќ, шефот на канцеларијата за меѓуармиска соработка при Амбасадата на САД, Мајор Џефри Ван Сикл и директорот на основното училиште Кузман Шапкарев, г-ѓа Весна Настоска, ќе го означат завршетокот на реновирањето на ова училиште, преку Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието.
Во овие две кола најуспешни се покажаа екипите на М.З. Пинтија и М.З. Црниче кои во двете средби ги победија своите противници. Пинтија во 14-тото и 15-тото коло ги победи екипата на М.З. Село Драчево и Општина Кисела Вода со идентичен резултат од 3:1 и се зацврсти на врвот на табелата.