Насловна
Неколку скопски улици денеска ќе бидат без вода за пиење поради санирање на дефекти, информираат од јавното претпријатие „Водовод и канализација“.
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје соопшти дека во текот на утрешниот ден, неколку делови од општина Кисела Вода ќе останат без електрична енергија.
Повеќе: Неколку делови од општина Кисела Вода утре без струја
Во просториите на општина Кисела Вода, се одржа работна средба на градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец- Алексиќ со членовите на комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Советот на општина Кисела Вода, претседателот на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на Република Македонија, Лилјана Поповска и државниот советник за еднакви можности на жените и мажите при МТСП, Елена Грозданова.
Повеќе: Работна средба за еднаквите можности на жените и мажите
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЕВН Македонија АД за закажани технички зафати во нивната мрежа, информира дека утре без струја во одредени периоди ќе бидат делови на општинa Кисела Вода.
Општина Кисела Вода се вклучи во одбележувањето на Часот на планетата Земја кој во Македонија се случува по петти пат. Во точно 20часот и 30 минути, едновремено со други 8000 места ширум светот, во времетраење од еден час беше исклучено осветлувањето на три локации низ општина Кисела Вода.
Повеќе: Часот на планетата Земја одбележан и во општина Кисела Вода