Насловна
Нови 40тина семејства од Кисела Вода со принова, денес добија ваучери во вредност од 6000 денари од страна на општината. Еднократната парична помош се доделува по 9ти пат. Истата е влезена во редовната програма на општината, како чекор за поттик и стимул за сите оние кои размислуваат да го прошират своето семејство.
Повеќе: Ваучери за 40 новородени деца од општина Кисела Вода
Одбојкарската екипа на ОУ ,,Св Климент Охридски“ во петото коло од годинeшнава сезона во училишниот спорт ја забележа петтата победа. Овојпат, во дербито на колото, избраничките на тренерот Ирена Рикаловска славеа во средбата со ОУ ,,Кирил Пејчиновиќ “ со 2:1, по сетови 25:19, 19:25 и 15:10.
Повеќе: Петта одбојкарска победа на ОУ ,,Св. Климент Охридски“
Со голот на Никола Димовски во самиот финиш на средбата, ОУ ,,Кузман Шапкарев“ ја забележа втората победа во сезоната, а со тоа ги зголеми шансите за пласман во плеј-офот на годинашново првенство во мал фудбал, кој се игра во рамките на училишниот спорт.
Ученици од четврто одделение од ОУ “Круме Кепески" од населба Кисела Вода, во придружба на своите наставнички, беа во посета на општина Кисела Вода, како дел од програмата за запознавање на органите на оштината, од наставниот предмет Општество.
Повеќе: Четвртоодделенците од ОУ "Круме Кепески" на посета во општина Кисела Вода
Поради интервенции на екипите на ЕВН МАКЕДОНИЈА АД, во текот на утрешниот ден, без напојување со електрична енергија ќе останат дел од корисниците на улица ”Христо Татарчев”. Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот во снабдувањето со електрична енергија на посочената локација, ќе трае од 8:30 до 15 часот.