Насловна
Со подобрување на временските услови стартуваше градежната сезона во општина Кисела Вода, во поглед на санација на улици и крпење на ударни дупки, согласно програмата за 2014 година.
Повеќе: Санација на улици и крпење на ударни дупки во општина Кисела Вода
Корисниците од улиците „Пеју Јаворовиќ“, „Караџица“ и „Пандо Клјашев“ утре од 9 часот ќе останат без вода за пиење.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот во водоснабдувањето е поради промена на противпожарен хидрант на крстосницата меѓу улиците „Пеју Јаворовиќ“ и „Караџица“.
Според известување од страна на Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје ве информираме дека утре од 09.00 до 14.00 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од Пат за Китка и ул. “Јустинијан Први”(поранешна “Драчевска”) во општина Кисела Вода.
Повеќе: Известување за прекин во снабдувањето со електрична енергија
Основното училиште ,,Невена Георгиева- Дуња“ го освои второто место на државното првенство во кошарка во машка конкуренција (основни училишта). Домаќин на државното првенство беше општината Кисела Вода, а многубројната публика, во 11-те одиграни средби уживаше во убавата кошарка и талентот на учениците од шест селектирани училишта.