Насловна
ЈЗУ “Здравствен дом на Скопје” – Скопје ги информира граѓаните дека по најавата за топлотни бранови по укажување од Министерството за здравство на Република Македонија ќе се организираат акции со отворање на пунктови за спроведување на бесплатни превентивни прегледи за заштита од топлотен бран. Акциите ќе се спроведат во Општина Кисела Вода (Драчево) од 18-21 часот по следниот распоред:
- 24.07.2013
- 29.07.2013
- 04.08.2013
- 10.08.2013
- 15.08.2013
- 20.08.2013
- 25.08.2013
По успешно изведената акција за чистење на трим-патеката во должина од 2,5 километри, која се организираше на иницијатива на градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ, а во реализација на сезонските работници и Одделението за животна средина во општината, еколошките активности продолжуваат со уште позасилена динамика. Имено, по детектирањето на неколкуте микролокации (црни точки), општинските служби започнаа нова акција за чистење на дивите депонии и јавните површини во и околу јавните објекти. Оваа работна седмица согласно динамиката и планот за работа на сезонските работници, се чистеа јавните површини околу Центарот за зависници во Кисела Вода, парковите, основните училишта, влезот на населбата Драчево, булеварот “Борис Трајковски”, а се кастреа и гранки на неколку локации во општината.
Општина Кисела Вода продолжува со интензивно урбанистичко планирање. Во насока на создавање на рамномерен просторен развој, рационално уредување и користење на просторот и создавање услови за хумано живеење и работа на граѓаните, Општина Кисела Вода ја започна постапката за носење на неколку клучни урбанистички планови. Покрај ДУП-от за “Цветан Димов – Славија”, денеска Општина Кисела Вода објави соопштение за организирање на јавна расправа и јавна анкета за носење на нов детален урбанистички план. Имено, предлог ДУП-от за реон Ј, четврт Ј08, со кој ќе се уреди просторот помеѓу бул. “Македонија“, улиците “Павел Шатев”, ”Христо Татарчев” (Иван Козаров), ”Марко Цепенков” (Есенинова) и ”Антон Попов” (Огњан Прица), од денеска е изложен на јавна расправа во просториите на урбаната заедница “Цветан Димов” (стара Рампа).
Убава македонска музика ќе понуди брануваното културно лето “Три круши” престојниот викенд. В петок (26.07.) на амфитеатарот на верско-рекреативниот центар “Три круши” со почеток во 21:00 часот, целовечерен концерт ќе одржи миленикот на драчевската публика, Миле Кузмановски. В сабота пак (27.07.), во истото време, посетителите на “Три круши” ќе можат да уживаат во настапот на “Силви бенд”.
Повеќе: Два концерти викендов на културното лето “Три круши”
Процесот на интензивно решавање на предметите за легализација во Општина Кисела Вода продолжува. Со 11-то јавно доделување на 36 нови решенија за легализација, бројот на легализирани дивоградби се искачи на 1833. Од вкупно регистрираните 11.872 дивоградби за кои е поднесено барање за легализација во Општина Кисела Вода, 5.064 предмети се во административна постапка, а 4.946 предмети се незапочнати, односно се со нецелосна документација. Токму затоа, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ ги потсети граѓаните кои сеуште не ја комплетирале целосно потребната документација, тоа да го сторат што поскоро, како би можеле во најкраток можен рок да ги легализираат своите дивоградби, а процесот на легализација да заврши во законски утврдениот рок.
Повеќе: Легализацијата на дивоградби во Кисела Вода продолжува со засилено темпо