• Пакетчиња за дечињата од ПОУ Др. „Златан Сремец“и ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов”

    Во пресрет на новогодишните празници, градоначалникот Филип Темелковски ги посети учениците од ПОУ Др. „Златан Сремец“и ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов”

  • Конституиран новиот совет на Општина Кисела Вода

    Советот на општина Кисела Вода ја одржа првата конститутивна седница и на истата беа верификувани мандатите на 23 - те нови советници на општината.

  • Започнаа приемните денови кај Градоначалникот Темелковски

    Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски денес започна со средби со граѓани, невладини организации и граѓански здруженија во својот кабинет.

  • Финализираше целосната реконструкција на Паркот Шопен

    Општина Кисела Вода изгради две нови детски игралишта во Паркот Шопен.

 

 

Насловна

Пакетчиња за дечињата од ПОУ Др. „Златан Сремец“и ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов”

Во пресрет на новогодишните празници, градоначалникот Филип Темелковски ги посети учениците од ПОУ Др. „Златан Сремец“и ДУРДМОВ ,,Димитар Влахов”, институции кои се лоцирани на територија на општина Кисела Вода.

Подарувајќи им новогодишни пакетчиња на дечињата, тој  им посака здравје и среќа во Новата година.

Средбата со директорите на овие две институции, беше искористена и за да се разменат мислења за потребите што ги имаат учениците и законските можности на локалната самоуправа за да им се излезе во пресрет.

Директорите, во име на учениците ја изразија својата благодарност, а градоначалникот својата подготвеност за  продолжување на континуираната соработка преку која треба да се надминат проблемите со кои се соочуваат дечињата и да се надминат предрасудите со кои е обременета средината во која живеат.

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Кисела Вода беше домаќин на повеќе од 150 дечиња на првиот КЛ7 Куп https://t.co/izlNrmzWKf
4hreplyretweetfavorite
O_KiselaVoda Кошаркарите на „Ангели“ од Кисела Вода ја победија екипата на „Спортисимо“ https://t.co/m2M8B7Rbjs
O_KiselaVoda Баделки ја победија екипата на ЖКК „Патриот 2016“ https://t.co/pYaDj3q9cz