Новости
Министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска денес (22.07.) во ПС Бутел го промовираше почетокот на проектот “Дисперзирани базни станици“, чија што цел е да им овозможи на граѓаните во општината во која што живеат да аплицираат за нови биометриски лични документи (лични карти, патни исправи и возачки дозволи).
На настанот присуствуваа и градоначалниците на општините Бутел, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Петре Латиновски, Билјана Беличанец - Алкесиќ и Сокол Митревски, како и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.
Викенд полн со убава музика и забава за најмладите го окарактеризира овонеделното културно доживување на “Три круши”. Најпрвин, во петокот (19.07.), целовечерен концерт одржа тамбурашката група “Гезме”, која повеќе од два часа ги забавуваше присутните посетители на верско-рекреативниот центар “Три круши” со широк репертоар на традиционални македонски песни со етно призвук.
Општина Кисела Вода во континуитет работи на урбанизирање и развој на општината. Во насока на урбанизирање на локацијата каде е сместена општината Кисела Вода, во моментов на јавна расправа е ДУП-от за реон Ј, четврт Ј12, Општина Кисела Вода, со кој ќе се уреди просторот помеѓу: булеварот "Македонија", улицата "Петар Дељан", улицата "Првомајска" и улицата "Есенинова, односно делот на поранешниот објект на “Славија”, делот на општинските бараки и останатите локалитети од левата страна на булеварот.
Ново музичко доживување ќе донесе овонеделното издание на културната манифестација “Бранувано културно Три круши 2013-то лето”. Имено, во петок (19.07.2013) на верско – рекреативниот центар “Три круши”, со почеток во 21:00 часот тамбурашката група ,,Гезме” ќе одржи целовечерен концерт.
Во сабота пак, ќе се одржат два културни настани. По петти пат ќе се одржи детскиот фестивал “Три круши” на кој ќе се претстават ученици од осумте основни училишта во општината, а забавата ќе продолжи со детската театарска претстава “Македонска приказна” во изведба на Театарот за деца и младинци. Овие два настани ќе се реализираат на верско – рекреативниот центар “Три круши”, со почеток во 19:00 часот.
Влезот за граѓаните е слободен.
Општина Кисела Вода деновиве заврши со исплатата на еднократните парични награди наменети за талентираните и надарени ученици од општината Кисела Вода. Вкупно 168 ученици, од кои 77 за спорт и 91 за образование на крајот на училишната година беа наградени со ваучери од по 10.000 денари, кои на пригодна свеченост им ги врачи градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец - Алексиќ. Оваа активност, општината Кисела Вода ја спроведува втора година по ред со цел да ги стимулира најмладите жители на општината да продолжат со успесите во делот на воспитно-образовните и спортските активности.