Насловна
Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РМ (АВРМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Кисела Вода, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2016, Програмата Општинско – корисна работа, општина Кисела Вода и Агенцијата за вработување на Република Македонија на ден 08.08.2016 година објавуваат:
Ј А В Е Н О Г Л А С
до
евидентирани невработени лица за вклучување во
Програмата Општинско - корисна работа
Општина Кисела Вода ги повикува сите хумани граѓани да се приклучат во хуманитарната собирна акција за помош на населението кое претрпе штети во големото невреме што го зафати градот Скопје. За таа цел, отворени се вратите на сите месни и урбани заедници во општина Кисела Вода. Од 06:30 до 22 часот, на овие локации, сите хумани граѓани во рамки на своите можности можат да донираат флаширана вода, конзервирана и бебешка храна и хигиенски средства кои во моментов им се најпотребни на семејствата погодени од поплавите.
Повеќе: Општина Кисела Вода организира хуманитарна акција за помош на поплавените семејства
Општина Кисела Вода интензивно работи на расчистување на теренот по големото невреме што го зафати градот Скопје и кое предизвика поплави и други проблеми. Со цел што повеќе да се намалат штетите и последиците од оваа елементарна непогода, од синоќа на терен се екипи од сите сектори од општината предводени од градоначалникот на општина Кисела Вода.
Повеќе: Општина Кисела Вода работи на расчистување на теренот по синоќешното невреме
Градоначалникот на општина Кисела Вода денес додели нови 50 решенија за легализација на дивоградби, со што правен статус добија вкупно 4880 објекти, или една третина од пристигнатите 13850 барања за легализација.
Поради градежни активности на улицата „Народни херои“, од денеска ќе биде воспоставен привремен режим на сообраќај. Притоа автобусите од јавниот градски превоз кои сообраќаат на линиите „24“ и „59 б“, а кои се движат во правец од Центар кон Припор, ќе бидат пренасочени од ул. „Димо Хаџи Димов“, по ул. „Божидар Аџија“ (пред студентски дом „Пелагонија“), потоа по ул. „Вера Јоциќ“ и продолжува по својата траса ул. „Народни херои“ и ул. „Христо Татарчев“. Во обратна насока, кон Центар автобусите ќе бидат пренасочени и тоа од ул. „Христо Татарчев“, по ул. „Божидар Аџија“, потоа по ул. „Димо Хаџи Димов“ и продолжуваат по својата траса.