Насловна
Општина Кисела Вода по шести пат свечено го чествуваше големиот музичар Фредрих Шопен во паркот кој го носи неговото име.
Повеќе: Општина Кисела Вода одбележа 167 години од смртта на Фредерик Шопен
Oпштина Кисела Вода, преку секторот за Месна самоуправа и соработка со НВО и ЈП Комунална хигиена на 14 и 15. 10. 2016 година, спроведе акција за собирање на КАБАСТ отпад на територијата на општината. Во текот на оваа акција беа собрани околу 36 кубика кабаст отпад.
Повеќе: Во општина Кисела Вода собрани 36 кубици кабаст отпад
Денес и утре, на 14 и 15. 10. 2016 година во период од 07:00 до 11:00 часот, општина Кисела Вода, преку секторот за Месна самоуправа и социјална заштита, заедно со ЈП Комунална Хигиена Скопје спроведува акција за собирање на кабаст отпад на територија на општината.
Повеќе: Денес и утре се собира кабастиот отпад во Кисела Вода
Во вториот настап во новата сезона во женската регионална кошаркарска АБА лига, КК Бадел 1862 го претрпе вториот пораз. Во рамките на третото коло, македонскиот шампион, тимот од Кисела Вода, на гостувањето во Република Бугарија, е поразен од КК Монтана со резултат 81:55.
Општина Кисела Вода информира дека утре, во периодот од 8:30 до 12:30 часот, без струја ќе останат потрошувачите од ул. Христо Татарчев броеви 11, 13 и 15 и потрошувачите од ул. Пушкинова. Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето технички зафати во електро - мрежата од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.